Македонските фудбалери ќе се опарат убаво: Ќе поделат илјадници евра премија која може само да расте

  • By admin
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 922 Views

Македонската фудбалска селекција за неполн месец ја очекува историскиот настап на едно Европско првенство.

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, утре на официјална прес конференција во 11:00 часот ќе го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојното Европско првенство.

Како што е добро познато, ние сме во Ц, заедно со репрезентациите на Австрија, Украина и Холандија. Селекторот Ангеловски има право да повика 26 фудбалери, кои и ќе ги поведе на Европското првенство, а секако дека може на првиот собир да се појават и неколкумина плус кои би биле алтернатива.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница оддржана во „Куќа на фудбалот“ ги донесе следните одлуки:

У.О. на ФФМ донесе одлука да исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 Евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која секоја победа од групната фаза на Европското првенство ќе ја вреднува со 300.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе го вреднува со 150.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето;

У.О. на ФФМ донесе одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 Евра, а дополнителни 1500 Евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП;

У.О на ФФМ донесе одлука периодот за пререгистрација на футсал играчи да трае во периодот од 7. септември до 21. септември 2021.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *