Македонските сопружници Митре и Катерина отворија пекарница во Сингапур – името кои и го дадоа привлекува уште повеќе муштерии

  • By admin
  • мај 10, 2022
  • 0
  • 1069 Views

Македонските сопружници Митре Крајоски (53) и Катерина Крајоски (39) во далечниот Сингапур отворија Пекарница која служи Eвропски пецива што за оваа држава е несекојдневно.

На истата и го дале името „Југословенска пекара“, по земја што повеќе не постои. Истата ја отвориле со цел да ја пренесат традиционалната храна од својата татковина на локалното население.

Парот кој има две деца – својата приказна ја почнал со отварање на кафуле во трговскиот центар Катонг минатиот јули, по што го прошириле својот бизнис на втора локација во трговскиот центар Ситилинк во април оваа година.

„Ова не е вообичаена комерцијална пекара. Ги следиме домашните рецепти за кои е потребно подолго време да се направат, но се се подобри“, вели Митре за 8дејс.сг и додава: „Постојат слатки кои обично се прават кога има прослава“.

Во нивната пекарница имаат традиционални специјалитети од цела поранешна Југославија како на пример бурек- пециво со потекло од Отоманската имп ерија. Има и бајадера, хрватска пралина од темно чоколадо, обложена со лешници.

Иако парот потекнува од Македонија, Митре вели дека го додал „Југославија“ на името на неговата пекара бидејќи неговите колачи се од „цела Југославија -Србија, Босна и Хрватска“.

Поради тоа што во минатото Србија и Македонија биле под Отоманската им перија – сега денешна Турција – вообичаено е да се најдат и турски јадења во југословенската кујна. Во нивните пекари, Митре и Катерина служат и домашна баклава.

Митре работи како комерцијален пилот на авионот Боинг 777 на Сингапур ерлајнс. Тој се преселил во Сингапур пред 17 години за да заврши пилотска обука. Неговата сопруга Катерина е дипломиран економист на Универзитетот во Македонија.

„Катерина ми рече дека не сака да работи во канцеларија. Нејзината стр аст беше пекарството, па решивме да отвориме пекара“, вели Митре, кој и помага на својата сопруга во нивното кафуле секогаш кога не лета.

Продавницата која е направена во рустикален стил, има 22 маси, има ѕид од веш тачки тули украсен со фотографии на претседателот на СФРЈ Тито.

Просторот е малку „похипстерски„ од многуте кафулиња во кои сме биле во поранешната Југословенска Република Хрватска, но сепак зрачи со пријатна домашна атмосфера.- вели Митре.

Она што овде го сметаме за шармантно и симпатично Сингапурско, е концептот за самопослужување во пекарницата, а колачињата се претежно пого дни за вегетаријанци.

Катерина и нејзиниот кујнски тим секојдневно прикажуваат огромен избор од речиси 20 видови колачи и слатки, а клиентите треба само да земат дрвен послужавник и прибор, да изберат што сакаат да јадат и да платат на шалтерот.

Вреди да се напомене дека Југословенските колачи не се супер меки и „флафи“ како азиските пецива.

„Повеќето од луѓето во Сингапур прават мек леб со различни филови“, истакнува Митре.

Неговите колачи главно го следат традиционално погустиот европски стил, за кој Митре и Катерина поминаа една година екс периментирајќи со брашно и млеко од локално потекло за да го добијат вкусот на нивниот роден крај.

Митре вели дека планира да отвори пет филијали низ островот, вклучително и централна кујна која ќе може да ги снабдува сите негови продажни места.

Тој, исто така, се надева дека ќе добие доволно работна си ла за да ангажира Српски пекар, што би можел да го обучи персоналот од Сингапур да подготвува печива од овие простори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.