Македонскиот пејач: Се каам што бев полицаец

  • By klaster2
  • март 14, 2022
  • 0
  • 642 Views

Кристијан Тасковски или попознат како Таско е моментално еден од најбараните македонски трапери и хип хоп изведувачи, кој ги полни клубовите ширум земјата.

Тој исто така има и доста соработки и со странски изведувачи, со оглед дека е доста популарен и во соседните балкански држави.

А од неодамна и еден од најпопуларните балкански изведувачи Раста кажа дека токму Таско е најдобриот рапер во Македонија.

– Па во последен период не бев доста во јавноста и на медиумите, но активно работам на новие песни и проекти а сега излезе и песната ,,Бед Бој”

– Јас сум поранешен полицаец. Сите работиме некоја работа која што во тој момент ни изгледа најдобра и најправилна, но кога ќе видиме всушност како е го менуваме мислењето.

– Јас се каам што бев полицаец, бидејќи не е ништо како што изгледа. Јас сакав да ја работам таа работа, но самата служба направи да не ја работам.

– Таму е премногу исполитизирано и грдо за работа. Јас и пред да станам полицаец работев со музика но кога ќе спомнев дома на моите.

– Дека се занимавам со музика, тие ми велеа ,,Ти дали си добар” . Од полиција напуштив 2019 година, не можам да трпам неправда.

– Да сум одел на психијатар, мислите те опкружуваат цело време, ги разложуваш ситуациите до степен што би било кога би било.

– Но кога немаш време за размислување, нема зошто да те обземуваат мислите, тоа е најдобриот лек за да ги одбегнеш работите. Да земеш и да работиш нешто.

– Проблем беше што скоро пола година бевме во карантини и немаш што друго да правиш и цело време размислуваш, вели Таско за ,,Г- Карпет”

– Многу пати сум добивал непристојни предлози, а најчесто добива такви предлози од типот ,,Сакам твое дете” јас и велам чекај имам кариера за правење не ти треба мое дете, вели низ смеа Таско.

– Мене омилена музика ми е рап, но ќе продолжам да работам со трап музиката бидејќи е актуелна и најбарана не само кај нас туку и пошироко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.