Македонската пејачка освен што се поднови со автомобил си купила и стан – се од свои пари

  • By admin
  • март 15, 2022
  • 0
  • 999 Views

Сања Гроздановска или скратено Сани низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Згоднатат кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате. Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи, каде нема ден да мине.

Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје

Сања Сани Гроздановска, една од најпопуларните и најпознати македонски фолкерки од помладата генерација реши да направи комплетна трансформација

Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, па така неодамна со своите фанови сподели една убава вест. Имено се поднови со нов автомобил од марката Мерцедес Ц200 бела боја чија пазарна цена е околу 20.000 евра

Сани на својот профил на фејсбук сподели фотка на која позира до новиот автомобил и напиша: Со здравје да си ја возам.

По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.

„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк и додаде:

Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.