Македонската пејачка: Баба ми ме израсна, ми даде живот што ниту десет родители не можат да го дадат

  • By klaster2
  • март 4, 2022
  • 0
  • 771 Views

Доволна храбра да наметне нови стандарди, автентично да влијае на рап и трап сцената кај нас. Нејзиното вистинско име е Дијана Дурлевиќ

Додека пак јавноста е препознава како Дијана ОГ, девојка која без влакна на јазикот како и во своите песни, така и во изјавите и инервјута кој ги дава.

– Можам да кажам дека луѓето ме ценат повеќе поради тоа што ,,Што на ум тоа на друм” и сметам дека токму во оваа работа и токму така треба да е.

– За многу луѓе не треба да има место на нашата естрада но можам да ги издвојам Луна и Тракер или Урбан Рекордс, на нив дефинитивно не и е место.

– Не го пеат тоа што го живеат, вели Дијана која нема проблем да зборува за својот приватен живот веќе од поодамна кажа дека живее со нејзината баба и дека со мајка и татко и нема близок однос.

– Родителите најмногу ми недостасувале во детството, баба ми на мене ми дала живот што ниту десет родители не можат да го дадат.

– Јас со нив си комуницирам имам коректен однос, само што не живееме заедно и не сме толку блиски, но не ми недостигале многу.

– Кога сите зборуваа за мама и тато, јас зборував за баба ми. Таа е жената која ме направи силна во животот. Таа беше и иницијатор да издавам книги и да пишувам

– Со еден збор таа ме истурка на правиот пат и ме научи на правилните вредности во животот, вели Дијана ОГ во интервјуто за ,,Бекстејџ”

– Не сум во љубовна врска, прекинавме значи едноставно не можам да бидам со некој кој на 23 години чека од девојка му или од мајка му.

– Јас сум бо рец и сметам дека до мене треба да биде таков човек а не некој лебар. А мене во животот се ми се погодуваат такви лебари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.