Добро познато е дека голем број Македонци живеат и работат во Швајцарија која е една од најпосакуваните дестинации за нашите граѓани кои размислуваат да се иселат.
Многупати досега македонската дијаспора од Швајцарија се покажала на дело и излегла во пресрет за низа работи.
Како што е познато пред околу еден месец македонскиот иселеник во Швајцарија по потекло од Прилеп Дејан Аџиоски во соработка со повеќе организации на Македонците и поединци во Швајцарија обезбедија 10 неинванзивни респиратори за болниците во повеќе градови во Македонија.
Оваа беше прва пратка од 10 респиратори е дел од поголема донација на 40 вакви машини за поддршка на дишење за пациенти која беше обезбедена од страна на Македосната дијаспора во Швајцарија, пристигна пред велигденските празници во просториите на Црвен Крст во Делчево.
Денес беше информирано дека пристигна втората пратка од 30 неинвазивни медицински респиратори од Швајцарија наменети за болниците во државава.
Активностите се реализираат преку Црвен крст Делчево, а последната пратка од респираторите наменети за болниците во државава е спроведена преку хуманитарната акција организирана од наши иселеници во Швајцарија.
-Целта на акцијата е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат да се спасат човечки животи во загрозени здравствени услови.
Центар на примената опрема е нашата организација во Делчево од каде ќе се распределат во другите градови на државата, информираа од Црвен Крст Делчево.
Оттаму информираа дека донатор на респираторните апарати е Швајцарската фирма BCD Microtechnique.
-Иницијаторот на активностите е Дејан Аџиоски како и организациите и поединците што го овозможија тој проект.
Досега во Македонија преку овој проект доделени се 40 апарати во вредност од околу 400.000 франци.