Македонија не извезува само работници на Германија – на врвот сме на уште една листа

  • By admin
  • септември 14, 2021
  • 0
  • 3967 Views

За Германија нема потреба многу да се трошат зборови, а како што е познато во оваа земја живеат и работат голем број Македонци.

Тоа е дестинација број еден кај Македонците за иселување во странство.

Македонија има убедливо најголема извозна структура со Германија анализира денеска албанскиот Топ Чанел во контекст на посетата на работната средба на канцеларка Ангела Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Тирана,

Германија е најголемата и најсилната економија во Европа, а Македонија од сите шест земји од регионот има најголеми трговски врски кога станува збор за регионот, а кога ќе се спореди наедно и големината на земјата извозник.

Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека прва е Македонија со речиси половина од својот извоз во Германија.

Може да се споредат само резултатите засега од 2019, која е земена како референца бидејќи беше нормална година, без на рушување предизвикано од пандемијата во синџирот на изво,з а тие покажуваат дека нашата земја е убедливо прва со 48,7 проценти.

Кај сите останати земји извозот има многу помало учество. Следуваат Босна и Херцеговина (15%), Србија (13%), Косово (8%). Германија има учество кај Албанија само 4,7 отсто, додека Црна Гора само 3,3 проценти во извозот.

Според податоците на WITS (Светска банка за трговски податоци), Северна Македонија испраќа речиси половина од својот извоз во Германија.

Хемикалии и машини и опрема преовладуваат во производите што се продаваат во Германија како резултат на брзиот развој на индустријата за поддршка на возила.

Германија е прв извозен партнер и на Србија и БИХ.

Кога станува збор за увозот, германскиот е порамномерен кај сите шест држави од Западен Балкан. Тука Македонија е трета со 11,4 посто учество на германскиот увоз во македонската економија. Прва е Србија со 13 и Косово со 12,8 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *