Македонија за нив е Италија и Германија: Увезуваме странски сезонски работници за берба

  • By admin
  • август 6, 2021
  • 0
  • 8704 Views

Како што е познато голем број Македонци се одлучуваат на сезонска работа во странство, пред се во Италија, Хрватска, Црна Гора, Германија и друг држави.

Пред се станува збор за берба на овошје и зеленчук. Со години омилена дестинација на Македонците е Италија и бербата на гројзе, но и јабуки и други овошки.

Во таква ситуација во нашата држава не остануваат работници за оваа работа, а оние кои се тукаа бараат високи дневници што на земјоделците газди не им се исплаќа.

Па затоа во државата тешко се наоѓаат работници за берба на овошје. Поради тоа последните неколку години за берба се ангажираат работници од надвор, најмногу од Албанија.

Земјоделците се надеваат дека и годинава ќе биде така и оти нема да се затворат границите поради пандемијата за да дојдат албанските берачи да ни ги оберат грозјето, јаболката.

И покрај тоа што дневниците не се воопшто ниски и изнесуваат од 1.200 до 2.400 денари, сепак во државата не може да најдат работници за берба.

Имено за невниците за работа од 5 до 12 часот изнесуваат 1.200 денари, а за цел ден 2.400 денари, што не е малку со оглед на тоа дека последниве години откупните цени на овошјето се многу ниски.

Овие работници се потребни пред се за гроздоберот во повардарискиот регион, но и во Преспа за берење на јаболка каде дневно се потребни од 700 до 1.000 работници, а овоштарите не знаат како ќе најдат работници ако се затворат границите и ако не дојдат на помош албанските берачи.

Обично бројот на работници кои се ангажираат варира во зависност од површината на засадени јаболка. За да се наберат од четири до пет илјади гајби потребни се 5-6 берачи, а има овоштари кој ангажираат од 8 до 12 сезонски работници за берба.

Бербата во просек трае 30 дена и ако не се обезбедат работници, можно е поголем дел од јаболката да останат необрани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *