Македонецот Робер до големо признание во германски Берлин

  • By admin
  • јуни 19, 2022
  • 0
  • 276 Views

Пред извесен период веќе информиравме дека Даниел Илиев од 1 јули го започнува својот втор шестгодишен мандат како градоначалник на германскиот град Херинген. На 25.05.2022 Илиев положил зак летва за втор мандат, откако на 6 март освои 85.4% од гласовите.

Илиев ги оквалификува проектите кои се започнати во изминатите шест години како успех oд сите граѓани на овој град и заедничкo е создадена политичка култура која се карактеризира со меѓусебно почитување.

„Партиската припадност е ирелевантна во локалната политика. Како градоначалник, јас сум тука за сите луѓе за кои сакам да го постигнам најдоброто“, додава Илиев.

За потсетување тој е роден во Бад Херсфелд во 1984 година и израснал во Херинген. Неговите родители потекнуваат од Радовиш, град во југоисточниот дел на Република Македонија.

По матурирање на училиштето Вератал, студирал политички науки, jугославистика, економска и социјална историја и економија на Универзитетот Фридрих Шилер во Јена и политички науки на Универзитетот Пантеон во Атина.

Потоа работеше како спикер за парламентарната група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во покраинскиот парламент на Тирингија.

Во март 2016 година, Илиев го победи контра-кандидатот Ханс Рис во вториот круг на избори за градоначалник. 38-годишниот Илиев живее со својата партнерка во Херинген.

Илиев cе ангажира како претседател на локалното здружение АВО во Херинген, втор претседател на училишното здружение Вератал, заменик-претседател на окружна пратеничка група на СПД и втор благајник во Ајнтрахт Херинген, каде што е исто така активен куглар и освен тоа активен фудбалер за постарите господа на СГ Вератал.

Првиот Македонец избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Штеглиц-Зелендорф во Берлин (2022-2026)

Со изборот на новиот Совет на општината Штеглиц-Зелендорф во Берлин, новоформирана е Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф.

Покрај окружните пратеници, во комисијата членуваат и шест советници на граѓаните. Тие треба да ја одразуваат различноста на луѓето со миграциско потекло во заедницата.

Роберт Кленкоски е првиот Македонец што е избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф во Берлин.

Во следните четири години г. Кленкоски ќе има право на глас во работата на Комисијата за Учество и Интеграција.

Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *