Лилјана e жената од Кочани која се породи на 52 години: Испрати порака до жените во поодминати години

  • By admin
  • јули 30, 2021
  • 0
  • 15799 Views

Пред неколку дена медиумите информираа дека во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани.

Како што наведоа целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на лекарскиот тим од болницата.

Патем, ова е прва бременост на родилката која на свет донесе здраво девојче.

Денес Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска ги посети новороденчето и неговата мајка, 52-годишната Лилјана Миткова од Кочани, која се породи пред неколку дена во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Ви честитам за храброста и упорноста и сакам да истакнам дека овој случај пред извикува општа радост. Затоа сакаме да испратиме силна порака дека упорноста носи успех и дека секоја жена која сака да биде мајка треба да биде упорна и резултатите ќе дојдат.

Исто така ова е потврда дека медицината забрзано оди напред и со голема желба и со поддршка на нашите стручњаци, резултатите ќе дојдат – рече Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Заблагодарувајќи се за вниманието и поддршката, Лилјана истакна дека таа и бебето се чувствуваат добро и повика ниедна жена во поодминати години која сака да биде мајка не треба да се откажува, туку само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел.

Лилјана се заблагодари на професионалниот ангажман и пред сѐ на човечкиот приод на целиот тим од болницата „Мајка Тереза“ во Скопје.

Градоначалникот Илијев ја искористи можноста да се сретне со директорот на специјалната болница за гинекологија и акушерство, д-р Башким Исмаили и да се заблагодари за грижата и негата кон родилката од Кочани.

ФОТО: Општина Кочани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *