Ламбе баран како никогаш досега – ќе има богато лето: Договорен уште еден настап и тоа пред бројна публика

  • By admin
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 330 Views

Скромен и ненаметлив, каде и да се појави шири позитива и од ден на ден станува се поомилен и побаран од македонската публика.

Ламбе Алабаковски откако реши по пет години живот и работа во Америка да се врати назад фамилијарно во Македонија повторно зачекори на музичката сцена.

Изминатиот период стана доста застапен во јавноста поради потегот со бугарскиот центар „Иван Михаилов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.

Но народот се крена на нозе, бараше слобода за него и истата ја доби, па веќе неколку дена е на слобода, но без пасош.

Ова значеше дека Ламбе може да продолжи онаму каде што застана на музички план, а очекувано или не, побарувачката за него е сега многу голема за што сведочат последните информации.

Еден од најпознатите ноќни клубот во Гевгелија, Дефакто објави дека во сабота ќе има богата музичка програма, а главна ѕвезда ќе биде светски познатиот Горан Бреговиќ.

А по настапот на Бреговиќ за првпат по настаните во јавноста на настап треба да се појави Ламбе Алабаковски од 1 часот.

Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.

Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев, Суперхикс, се дел од имињата кои ќе настапат оваа година.

Но, дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски кој е предвидено да настапи на 16.07 (сабота).

Веќе од претходно, првиот човек на Општина Кавадарци најави дека е можно Ламбе да настапи и на овогогодинешниот Тиквеш роздобер, па таа Ламбе ќе има исполнето и богато лето со настапи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *