Секојдневно слушаме, а сепак сме изненадени, од тоа колку луѓето знаат да бидат су рови и без емпатија спрема другите.
Особено бо ли кога токму младите, иднината на овој свет, наместо да ги негуваат човечките вредности тие би сториле се, па дури и да наш тет некому. Но, ова младо момче докажува дека се уште постои добрина кај луѓето.
Лазар Павловиќ, кој дипломирал на Факултетот за дипломатија и безбедност, има желба да му помогне на некој што би сакал да тргне по неговите стапки, но и да направи нешто за својот народ и земја.
Ова момче на Фејсбук профилот објави дека сака да ги финансира студиите на еден иден студент на Факултетот за дипломатија и безбедност. Единствен услов е да е одличен ученик.
Тој во својата објава наведе дека сака да му помогне на одличен студент кој не е финансиски способен да си го плати школувањето, а сака да студира.
„Откако долго размислував како да му се оддолжам на мојот народ и да и помогнам на мојата земја, се решив на чекор кој можеби за некого е мал, но е голем за мене.
Донесов одлука да му помогнам на одличен студент да добие високо образование на Факултетот за дипломатија и безбедност, на кој и јас дипломирав.
Доколку познавате некој кој не е во финансиска состојба и ги има сите останати предуслови, а единствен е да е одличен студент, контактирајте не.
Би сакал да добијам кратка биографија и се надевам дека еден ден овој човек со своето знаење и работа ќе може да си обезбеди подобра иднина и ќе му служи на својот народ, на начин кој ќе го оцени како најдобар.
На мене е да помогнам со обезбедување на целосна стипендија за ФДБ. Ве молам споделете ја оваа објава и да помогнеме некому заедно. Да живее Србија!“, напиша Павловиќ.