Кристина и Александар од битолско: Кога другите јадат ни само ги гледаме, тогаш е најтешко

  • By klaster2
  • јуни 5, 2022
  • 0
  • 384 Views

Гоце и Дорина Димовски од битолско Цапари немаат основни услови за живот. Тие не знаат како да обезбедат храна за своите малолетни деца.

А пак домот им е посебна приказна и во секој момент може да им падне врз главата. Живеат во голема неизвесност и во голема бе да.

Гоце се моли да има повеќе дождливи денови во годината, за да може да собира полжави и печурки со што би ги прехранил дечињата.

Тој живее во куќа која е пред распаѓање, ѕидовите и мебелот се од времето на неговите родители. Покрај ова тој нема ниту струја, телевизија и вода.

Најмногу од сите пат ат малите дечиња, Гоце сака да им обезбеди се на дечињата, но најмногу што може да им даде се 10 денари а некогаш ниту тоа.

Често се исмевани во училиште поради скинатите патики, поради нивните родители, но тие скромно ќе кажат дека се среќни деца иако кога другите деца јадат тие го замислуваат вкусот на храната.

– Се молам на Бога да заврне дожд да берам печурки или полжави, бидејќи децата одат без пари на училиште, и се исмејувани, вели Гоце пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Во кој век сме сега, немам ниту прозорци, немам ниту струја, ниту телефон, ме исклучија од секаде. Додека беше татко ми жив колку толку крпевме некако.

– Од примања имаме само 10.000 денари, пари што во денешно време не значат ништо за четири члено семејство и се доволни само за неколку дена, вели Гоце.

– Живееме ,,Крпен живот”, сме останувале и гладни, јас искрено не јадам но само за децата да има. Едноставно јас гладувам за тие да имаат.

– Некој соседи помагаат колку можат, но тоа не е вечно. Јас сум без работа, не можам да се вработам поради тоа што немам државјанство.

– Веќе 11 години не можам да добијам државјанство, мора да се плати и за државјанството, но јас немам пари, вели мајката Дорина.

– Дури и газдата си подигрува со мене, кога ме вика кога не на работа, и не ме исплаќа до крај, додатен проблем е тоа што имам карци ном на дебелото црево.

– Кога имаат од дома ни даваат нешто за во училиште, но кога нема ги гледаме други како јадат, тогаш е најтешко, велат заклучно малите Кристина и Александар.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на трансакциската сметка 300067117689022- Дорина Димовска или на телефонскиот број 071 351 166

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *