Откако пред три години се разведе од Кајмакоски, моделот, а од неодамна и пејачка, Кристина Димитријевска, продолжи со кариерата и повторно се врати на сцената.
Освен што и се врати на манекенската кариера, која ја стави во мирување кога во 2017 година го доби синот Давид во бракот со музичарот, таа периодов е една од најангажираните пејачки во нашите клубови, а настапува заедно со диџеј Боно.
Според заедничките фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, а на кои се гледа нивната блискост, не требаше многу, а да започнат шпекулациите дека музичкиот пар е во врска.
„Моментално работам на мојата музичка кариера, и тука можам на долго и широко да зборувам околу моменталните активности и плановите за во иднина“ – вели таа, не криејќи дека проектот Кристина и Боно и ја обележал минатата година и дека е благодарна што е дел од тимот Лолипоп и ску ску.
„Иако се знаеме толку кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска“, вели Кристина за Репортер.мк.
„На темата љубов можам да кажам дека јас носам многу љубов во себе и несебично ја внесувам во работата, пријателите, семејството… А доколку имам машка љубов покрај себе, јас сум два пати повеќе мотивирана, заштитена, чувана како принцеза“.
Ретко кој знае дека од татко ѝ ја наследила и насмевката, па му ја пренела и на својот син Давид.
„Како мала тренирав ка рате, и кога некое машко ќе ми кажеше дека сум убава, јас го теп ав. Тоа ми беше пони жување, не смееше тоа да ми го каже. Потоа со татко ми почнав да гледам избори за убавина и тој ме научи дека треба да бидам женствена“, открива манекенката Кристина Димитријевска во интервјуто за „Репортер“.
„Не сум строг а мајка, се обидувам со разбирање да допрам до него, не може да очекуваш петгодишно дете да биде како 15 години, треба многу трпени како родител и многу љубов.
Додаде дека моментално работи на себе, работи на еден кавер со Боно, вложуваат секојдневно во проби, но и настапи и сакаат кога нешто ќе извадат тоа да е изработено како што треба.
Кристина е доста активна на социјалните мрежи и честопати објавува содржини снимани во автомобил.
„Имаше еден момент, беше полициски час, бев во Белград имав емисија таму, и ај да преспиеме – не ќе се вратиме, и возев од Белград до граница на Македонија за 2 часа и 20 минути. Така што ете каков шофер сум!“, објаснува Кристина.
Многу сакам да возам и нонстоп сум во кола, го обожавам возењето и уживам во него“.
Кристина најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не и пречи и не се срами од тоа и е сигурна дека со градењето на кариерата, со многуте успеси кои ќе следат, сето тоа ќе се тргне.