Кристина Арнаудова се враќа на музиката и ја откри личноста која ја натера на тоа: Дури и мене не ми се верува

  • By klaster3
  • јуни 10, 2022
  • 0
  • 406 Views

Кристина Арнаудова е позната поп-рок пејачка, текстописец, продуцент, композитор, хуманитарец во Македонија. По паузирањето од музичката кариера Кристина се посвети на хуманитарната работа.

Таа е претседател и основач на здружението за деца во социјален ри зик „Проект Среќа“ преку кое помага на социјално за грозени семејства.

Личната приказна ја натерала да ја почне оваа хуманитарна мисија. Мајка ѝ ја родила на 19 години, но и покрај инсистирањето на семејството да ја однесат во домот за деца без родители, таа решила да ја задржи и да се грижи за неа.

Кристина вели дека не се сеќава кој миг од животот ја натерал да почне некому да помага, ама уште од мала ја имала таа желба да се грижи за некого.

„Па, јас ја кра дев храната од дома и им ја носев на Ромите да не се гладни. Тие не ми бараа, јас самата, едноставно сакав да помогнам“, раскажува Арнаудова.

Телевизиското емитување на „Проект среќа“ заврши само во една сезона, откако Кристина сподели дека поради недоволна заинтересираност од спонзори, не може да продолжи.

„Драги пријатели, претпоставувам дека на сите ви недостасува „Проект Куќа“ и нови епизоди. Искрено се надевам дека проектот ќе продолжи, со мене или без мене, неважно, најважно е да оние на кои им треба помош,, ја добијат помошта.

Во меѓувреме сакам секоја компанија и секое лице кои помогнале во овој проект, биле дел од хуманитарната мисија и покажале општествена одговорност и сочувство, да ги именувам и лично да им заблагодарам“, напиша Кристина.

Иако нејзината хуманитарна работа продолжува, таа успеа да издејствува повторно да се организира летниот спортско-забавен камп „Шарено лето“, така што со помош на неколку компании и физички лица, деца од социјално загро зени семејства за првпат ќе можат да отидат на одмор.

Покрај тоа, очигледно Кристина решила повторно да им се врати на музичките води затоа што на социјалните мрежи сподели дека снима нова песна.

„Пред години решив…сама со себе се договорив,дека бавењето со музика во оваа земја, каде не не есапат, нема логика, поента, економска исплатливост на вложеното, а ни душевно задоволство, бидејќи нема како да се стигне до публиката…

Во тој момент решив дека сум многу покорисна со мојата хуманитарна работа, за оваа земја, отколку со музика, во земја каде пеачите, музичарите, уметниците се последно дупче на свирчето….

Кога ме прашуваа зошто ме нема, одговарав, ете така, срцето не ми пее. Ако се појави некогаш песна заради која пак ќе ми пропее срцето, ќе пеам. Можеби. Но не верувам. Ама ете тоа се случи.

Дури и мене не ми се верува. Упорноста на Весна Малинова да пропеам се исплатеше. Таа беше онаа која се трудеше да ја пог оди песната што ќе посакам да ја испеам…А ова трио на сликава , Роберт, Весна и јас, е истото што ги има направено ,,Прашина,, и ,,Немам срце за друг,,.

Кога ќе ја чуете новата песна, уште не знам…Ама знам дека денес после многу години пеев од срце, песна што сакам да ја чуете, која ми запеа во срцето…..“, напиша Арнаудова на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *