Кристина Арнаудова во солзи: Физички не е со нас, но е во срцата на сите Македонци

  • By admin
  • јуни 12, 2021
  • 0
  • 9655 Views

Македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова во последен период е активна и како водителка и тоа во хумана акција, а за своите активности редовно известува на социјалните мрежи.

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.

Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка.

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Кристина Арнаудова е мажена со сопругот Александар и со него ги има синовите Максим и Матео. Таа е ќерка на пејачот Гоце Арнаудов.

Гоце има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија.

Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Често во Европа, Америка и Австралија учествувал на добротворни концерти.

Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, а раководството на областа му дала награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Деновиве повторно стана актуелен откако се појави видео на кое се гледа како македонските фудбалери во Букурешт слушаат негови песни.

По ова се огласи Кристина Арнаудова на својот профил на фејсбук каде ја сподели споменатата вест и притоа напиша:

Можеби физички не е со нас, веќе долго, но секогаш е со СИТЕ НАС, во сите нас, и во срцата на сите Македонци, без оглед на националноста!

Срцето е големо, Македонско! Ве сакам момци! Фала ви за емоцииве денес, за солзите…. За се!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *