Кирил Јовчевски повеќе од 20 години бесплатно изработува куќички за без домни животни. Човекот кој има направено стотици куќарки со свои раце, вели дека тоа му го исполнува срцето.
– Огромен е бројот што го имам изработено, едноставно се движи од 700 куќарки па нагоре. Сите куќарки што се изработени се распоредени низ цела територија на Македонија.
– Кога ќе ми се јават, јас нормално им правам услуга. Така ми донесуваат материјал, ќе ја направам и ќе си ја земат и ја поставуваат во нивните општини каде што живеат.
Овој човек своето слободно време го посветува на создавање на услови за пристоен живот на многумина, велат од Дојче Веле.
– Кога ќе се симнам во мојата работна просторија едноставно самата замисла ти го полни срцето кога помагаш на некој, вели Кирил.
Инаку Јовчевски е и поранешен фудбалер и член на кадетската репрезентација на Македонија. Тренингот и натпреварите ги заменил со продуктивна работа за општо добро.
– Мотивацијата ми е единствената си ла која ме прдивижува и која ја има во мене, понапред се занимавав со спорт а сега цела си ла ја префрлам и искористувам во творење.
– Се правам сам со моите две раце, сам ги носам палетите, одозгоре до мојата работилница сам ги отковувам, сам ги правам конструкциите.
– Целиот процес го правам потполно сам, кога ќе се вдоми некое животно чуството е неописливо и исполнува, вели Јовчевски.
Пепе, Џина и Томи се повод за порачка три куќички. Во нив живеат веќе и нивните роднини. Јасминка случајно го пронашла Кирил и започнала успешната приказна.
– Исконтактиравме со Кирил, веднаш се разбравме и договоривме му однесов материјал и започна оваа успешна приказна, вели Јасминка.
– Во ова денешено време теш ко е да најдеш некој што бесплатно ќе работи и ќе творим, беше неве рување но се исполни очекуваното, додава таа.
Кирил во моментот има полни раце работа, сака да им излезе во пресрет на сите, од нив бара само да го обезбедат материјалот а другото е негова работа.