Кики Рахимовски не ги криеше солзите на концертот за Аки, една песна многу го допре: Како што би рекол татко ми, така и јас

  • By klaster3
  • март 28, 2022
  • 0
  • 570 Views

Пред повеќе од два месеци јавноста ја обиколи веста за смрт та на македонско-хрватскиот пејач Александар Аки Рахимовиќ, најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб “Парни ваљак”.

Рахимовски го предводеше „Парни ваљак“ повеќе од 45 години. Тој е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.

Кај Рахимовски чувствата беа најсилни. Во Македонија живее неговото семејство, овде тој ги чува спомените од своето детство. Си замина поради песна, но со песни секогаш се враќаше.

Аки велеше дека Македонија му е како втора татковина и често беше гостин во нашата земја. Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената.

Кристијан Кики Рахимовски (40), музичар кој на Балканот е познат не само по тоа што е син на Аки Рахимовски, туку со својот талент и трудољубивост успеа да се наметне во музички кругови и да излезе од татковата сенка.

Кога Кики имал три години, Аки ги оставил него и мајка му. Во текот на претходните години честопати во јавноста ги спомнуваше конф ликтите што се случувале меѓу нив двајца низ годините.

Но кажа дека претходните неколку години успеале да ги надминат несогласувањата и дека дури извесен период живееле заедно.
– Јас и тато никогаш не сме биле во кон фликт, сме се расправале за многу други работи. Со оглед на неговиот начин на живот, беше тешко да се изгради добар семеен однос.

Како што одминуваше времето, јас го прифатив таков каков што беше и почнав да градам врска во која би можеле да функционираме, а тоа е преку музиката.

– Посакувам да беше поинаку, но никогаш не е доцна да се поврзете со семејството. Кога дојдов во Македонија по 35 години, запознав пошироко семејство кое цело време ме придружуваше мене и моите песни – тие знаеја многу за мене, а јас знаев толку малку за нив.

– Никој не може да го „замени“ мојот татко, а не можам ниту јас. Ако некој некогаш ме покани некаде да отпеам песна или две од него, секогаш со задоволство ќе го направам тоа од длабочината на душата, но немам намера да ја градам мојата идна кариера во името на татко ми – рече во интервју за Бекстејџ Кики.

Затоа, во чест на неговиот татко на 26ти март во Арена Загреб се одржа концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже…Аки“ на којшто запеа и самиот Кики, но и многу познати музичари.

„Како што би рекол татко ми, така ќе ви кажам и вечерва, добра вечер Загреб. Добредојдовте на прославата на животот на татко ми, пејте ја секоја песна со нас, ве сакам сите“, рече Кристијан од бината, а кога почна да ја пее песната „Гледам како спие“ не можеше да ги задржи солзите, како и многу други од публиката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.