И ние имаме наша Карлеуша: Македонската пејачка јавно се вакцинираше, па упати порака

  • By admin
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 12246 Views

Откако познатата балканска пејачка Јелена Карлеуша се вакцинираше, поминаа два дена, а реакциите никако да стивнат.

Буквално цел свет пренесе дека Карлеуша се вакцинирала, од весници до национални телевизии ширум светот, веќе два дена се зборува за имунизацијата на поп ѕвездата.

Таа заврши на насловни страници на бројни познати весници и со тоа повторно докажа колку е само влијателна не само во регионот и Балканот туку и во цела Европа и подалеку.

Покрај тоа што заврши на насловна страна на австрискиот весни, меѓудругото беше емитувана и на турска национална телевизија, итн.

Фотографијата на Јелена Карлеуша во кабината за вакцинација стана позната на Интернет, но и еден вид на меме, кое ги премина границите на Србија и пошироко.

Соседна Србија е далеку пред нас во процесот на вакцинација, а впрочем тие беа кои ни ги дадоа првите вакцини на Македонија, а голем дел наши граѓани токму таму и ги примија вакцините.

Изминатата недела со цел на кампањата за масовна вакцинација, јавно пред медиумите вакцината ја примија и неколку видни политичари.

Помеѓу оние познатите кои што ја прими вакцината е и пејачката Сања Цинцева, или позната како Саша Барбика.

Таа е меѓу првите, ако не и прва од музичарите кои јавно објави дека се вакцинирала и сподели фотографија од овој момент.

Притоа остави и порака до своите фанови и пријатели во која што вели:

Вакцинирајки се правиме општо добро, најпрво го заштитуваме нашето здравје, а во исто време ги заштитуваме и сите околу нас.

Да бидеме разумни и совесни, да се вакцинираме навреме, само така ќе успееме да го победеме овој невидлив непријател и час поскоро да се вратиме во нормала.

Верувајте на медицината и на здраствените работници. Ве сака Сања барби и Ве очекува на некој настап во живо, се надевам наскоро!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *