И Италија не е тоа што беше – државата каде живеат многу Македонци со милиони сиромашни

  • By admin
  • јуни 18, 2021
  • 0
  • 6222 Views

Без сомнение, една од најголемите македонски дијаспори во Европа ја имаме во Италија, држава во која живеат и работата голем број Македонци.

Како што е познато на „чизмата“ одат и многумина на сезонска работа, но според последните податоци, Италија не е тоа што беше.

Во услови на апсолутна сиромаштија во текот на 2020-та година живееле околу 5,6 милиони Италијанци, односно 9,4% од населението, од кои 1,3 милиони се помлади од 18 години.

Националниот статистички институт (Истат) објави дека бројот на сиромашни домаќинства се зголеми од 6,4% во 2019-та година, кога беше воведен облик на основен приход, на 7,7% во минатата година. Ова значи дека во 2020-та година имало два милиони сиромашни домаќинства, 330.000 повеќе од претходната година.

Други 2,6 милиони семејства (11,4%) живееја под релативната линија на сиромаштија, пренесува „Еурактив“.

Процентот на малолетници кои живеат во апсолутна сиромаштија се зголеми за една година од 11,4% на 13,5%.

Иако бројот на сиромашни семејства е зголемен, мерките преземени од владата за борба против ефектите од пандемијата со Ковид 19 помогнаа да се ограничи влијанието на кризата врз нив.

Сиромаштијата се зголеми повеќе на северот на земјата, каде што трошоците за живот се поголеми, иако во апсолутна смисла југот е потешко погоден.

Секретарот на најголемиот италијански синдикат, „ЦГИЛ“, Маурисио Ландини, изјави дека сиромаштијата се зголемува затоа што некој е сиромашен дури и ако работи и дека несигурноста во работата е преголема.

Според претходното истражување, повеќето Италијанци на возраст под 35 години заработуваат помалку од 10.000 евра годишно, а половина од нив сè уште живеат со своите родители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *