Инес Ефремова која е родител на мало девојче реши на својот фејсбук профил во јавна објава да сподели низ што поминале:
Сакам да ја споделам голг отата што мојата 2-годишна ќерка ја пројде поради короната, пред сè, затоа што можеби ќе помогне некому, па нема да завршите со пневмонија и цитокинска бу ра додека докторите ве убедуваат дека не ви е ништо.
Имено, пред три недели моја Лулу разви температура. Ден потоа развив и јас, веднаш се тестерива и испаднав позитивна на ковид. Се изолиравме, комунцирав со својот матичен лекар за терапија и не ни помислував дека ќерка ми ќе има последици пошто нели „на деца нишо не им е“.
После третиот ден мојата температура прекина но, Лулу продолжи да качува. Направивме кр ва слика, ја однесовме на преглед и матичната нè врати дома велејќи ни да почекаме до 5ти ден со фебрилност.
Без да има подобрување, на 5иот ден истиот круг – крв на слика, преглед и матична која нè убедува дека нема простор за па ника. Но, со сопругот не сме скроз аналфабети за медицина и веќе почнавме сериозно да се загрижуваме.
Доаѓа 7ми ден како Лулу качува температури до 39.5, пак прегледи, кр вни слики и пак убедувањеда почекаме.
Тогаш решивме дека веќе нема да чекаме одговори од матичната докторка и се упативме во Институтот за белодробни заболувања Козле.
Таму и’ направија рентген на бели дробови на Лулу и не вратија дома, велејќи дека ќерка ни е добра. Доаѓа 9ти ден, Лулу на интервали од 4 часа (односно штом помине дејството на антипиретикот) постојано качува температури од над 39 степени.
3ти пат одиме во Козле, втор доктор го гледа рентгенот на Лулу, вели дека плуќата и’ е во ред, ни препишува антибиотик и пак не праќа дома.
Вечерта поворно Лулу гори. Тука со сопругот решаваме дека или ќе ја хоспитализираат Лулу во Козле, или ќе молиме во некоја од приватните болници за прием, ама веќе дома не седиме.
После долго инсистирање, конечно не’ примија. Утредента и направија испитувања и испадна дека не само што белите дробови не и’ се во ред, односно има пневмонија, туку дека има и цитокинска бу ра.
Следеше интравенозна терапија со корикостероид и антибиотик и 10 дена лежење во болница. Тука ќе прекинам со раскажување од остатокот на хо ророт, затоа што не ми е поентата да повторам колку ни се некомпетентни докторите и колку ни е во распад здраството. Важно е дека сега сме дома и Лулу е добра.
Го кажувам ова за, доколку сте родител, не спиете на увото „дете е, ко на куче ќе му помине короната“. Исто, за секоја температура која трае повеќе од 3 дена, да не прифаќате ништо помалку од терапија и дополнителни испитувања ако температурата трае 5 дена.
Воедно, со оглед на тоа дека последиците од корона се појавуваат многу често од 7миот до 13иот ден, да бидете будни и внимателно да следите ситуација дури и ако има подобрување во првичните симптоми.
Не чекајте „другите“ или власта или било кој друг да ве заштити. Нема, треба сами да се штитите и да бидите бидете одговорни за себе и своите блиски.
Образувајте се за своето здравје, имате многу медицински релевантни информации достапни на нет и имајте во предвид дека докторите прават (многу) грешки, а короната е болест за која уште малку се знае.
Конечно, не верувајте дека омикрон е лабав и ковидот пројде. Козле е полно со деца со последици од ковид, Толку полно што немаат слободни кревети. А, имаат дечиња на кислородна поддршка, до толку е ло шо.
А, за да не биде ова безлична приказна, еве го лицето на Лулу додека преку болнички прозор го гледаше тато со канила во рака.
Никогаш и никому да не се повтори.