Иле, газда на ресторант за нашите од Италија, Германија, Австрија и Швајцарија: Имам само нешто да и кажам

  • By admin
  • август 7, 2021
  • 0
  • 10645 Views

Деновиве, кога е сезоната секојдневно гледаме нови и нови автомобили со наши иселеници. Низ улиците се среќаваат италијански, австриски, германски, словенечки и други регистарски таблици.

Нашите согрѓаани масовно го користат одморот кој не можеа лани да го искористат. Каква тешка година поминавме, особено ние угостителите најмногу пре трпевме.

Веќе 15 години сум газда на угостителски објект и вакво нешто дпсега не сум искусил. Таква загуба на средства, отпуштање на вработени, како и долгови не сум имал никогаш.

Добро е барем оваа година олабавија малку па нема да пропаднеме како лани. Морав да доградувам тераса за да можам да имам надворешен простор и да работам инаку ќе требаше клуч на врата да ставам.

Објектот најмногу е наменет за разни прослави, но сега веќе функционира и како кафеана за излегување секој ден. Морав што се вели пд нула да почнам, и со вработување и со набавка на продукти, буквално сè.

Се изнадолжив за да платам кирија, да исплата плати, па и сега за да го обновам за да почнеме со работа одново. Како ќе си ги повратам загубите и сам не знам.

Најважно е што почнавме со работа и веќе нема ниту време ниту место до крајот на сезоната од што имаме термини за прослави скоро секој ден. Масовно се прават крштевки, родендени, веридби, свадби, матурски, сè што луѓето не можеа лани да направат. Од сите најмногу пари оставаат странците, т.е. нашите кога ќе се вратат од странство.

Тоа е општопознат податок и кој што сака нека каже, но навистина е така. Не е дека тоа го прават за да се фалат пред луѓе, но си имаат луѓето пари и можат да си дозволат повисоки сметки.

Нашите ќе земат нешто за мезе и пиење и ќе си седат 5 часа, а овие цело време нарачуваат и нормално, нам тоа ни одговара. Оставаат големи бакшиши кога ќе прават прослава, си прават побогати порции со храна, пиење нарачуваат секакво.

Ако не се тие не знам како ќе се дигневме на нозе. Дури се случувало да одбиеме наши за да отстапиме место на иселениците поради поголемата придобивка. Навистина сме им мнпгу благодарни затоа што не се штедат.

Си плаќаат во готово, не чекаме ништо и веднаш можеме да ги вложиме тие пари за да опстоиме. И без да прават прослави тие си оставаат доста пари во кафаната и ние како сопственици гледаме да им угодуваме за да се вратат пак.

Сепак тие ни ја држат економијата кога се враќаат назад. И многу други прикатели сопствемици истото го зборуваат, па и тие што имаат продавници, ќе влезат и промет прават како некој наш што би го правел за две недели. Затоа ние со душа ги чекаме да се вратат и да не поткрепат малку.

Многу ме не рвираат нашиве кои немаат друга работа па ќе почнат да коментираат, гастарбајтерите вака, така, доаѓаат и се фалат со пари, а таму работат од утро до вечер.. па си можат бе, ајде седни ти со фамилијата и пријателите и направи сметка од 500 евра кога не можеш.

Многу чу ден народ сме, кога немаш ништо корист од коментирањето подобро молчи си. Ние угостотелите најмногу ги цениме нив, сепак најголем промет ни прават.

Сега летово сме презафатени со работа и организација на прослави. Тие што минуваат низ тоа знаат колкава обврска е и колку значи да ти остават повеќе пари.

Буквално се вративме во живот после тешката година. Сега ни одмор сакам, ни ништо. Само добро да заврши сезонава и да излеземе со профит на крај зашто инаку ќе ставам клуч и не можам да се замарам повеќе.

Ќе барам некоја друга посигурна работа. Се надевам дека нема пак да ни воведат строги мерки да не можеме да работиме раат. И ние имаме семејства за издржување и сè друго.

После летната сезона опаѓа сè, нема толку настани, нема прослави, нема иселеници и пак ќе варираме во профитот, не дај боже да нè затворат, е тогаш сè ќе пропадне.

Само едно нешто сигурно знам, многу сум им благодарен на иселенициве зашто во моментов тие ме држат на нозе и прабам сè што можам за да бидат услужени на највисоко ниво.

Автор: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *