Идните македонски лекари на работа по кујните низ Германија

  • By klaster3
  • јули 7, 2022
  • 0
  • 516 Views

Работата во странство во последниве години е многу актуелна и е најбарана опција за вработување, барем кога е во прашање Македонија и соседните земји.

Земјите од Централна Европа, често бараат работници од следниве професии: лекари, медицински сестри, инжењери и друго, и им нудат многу повисока плата во однос на Македонија, затоа не е чудно кога стотици луѓе аплицираат за работа во странство, најчесто во Германија.

Една од причините поради кои се аплицира за работа во странство, е и самата едноставност на аплицирањето и наоѓањето на работата, посебно кога се во прашање сезонските работи.

Сезонската работа во странство е најбарана опција за вработување надвор од границите на нашата земја. Предноста е во тоа што вработените најчесто работат само неколку месеци, а сепак остваруваат заработка на високо ниво.

Македонците најчесто како сезонска работа ја бираат работата во градежништво, угостителство, полупроизводство и здравство каде што и се најмногу платени.

Меѓутоа, кога станува збор за студенти или штотуку дипломирани млади лица кои не успеале да се вработат по струка во Македонија, најчесто во Германија наоѓаат работа во угостителство.

Келнери, готвачи, работници во познатите ресторани за брза храна се најчестите избори на сезонски професии за младите од Македонија.

Оча ен е фактот што и покрај долгите години студирање, седење по цели ноќи за да се спрема тежок испит, младите се приморани да заминат и да вршат работа во корист на друга земја.

Но, кај нас нема многу нешта кои би ги привлекле да останат и да работат. Од една страна ниските плати кои во Германија би ги заработиле за некои 2 до 3 дена, а од друга страна свесни се како функционираат работите кај нас.

Без разлика дали се доктори, стоматолози, професори, правници..поради недостаток на средства за преживување мораат да го фрлат во вода целиот труд што го вложиле и да почнат да заработуваат на каков било начин.

До редакцијата на Кластер.мк постојано доаѓаат пораки од млади лица кои сведочат за тоа колку млади идни лекари за да си го исплатат студирањето заминале во Германија за да прават сендвичи или да пржат помфрит.

Еден од нив е младиот Никола, кој живее сам со својата мајка и тројца браќа, а желбата да студира и да работи како доктор му е преголема, па затоа е решен да заработи и сам да се издржува.

Идните планови секако ги насочува кон западните земји, најверојатно повторно ќе замине во Германија за да си ја проба среќата како доктор. Но од разни искуства, и покрај дипломите, секој млад првин започнува со некоја работа во угостителство, дури не се снајде со работа по струка.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде преземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.