Игор Џамбазов откри што му се случило лани на овој ден – сподели како почнало се со Илина

  • By admin
  • мај 3, 2021
  • 0
  • 2446 Views

Игор Џамбазов, еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Игор во неодамнешно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

-Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

Парот цело лето го помина во Дојран, уживајќи во заедничките мигови, а потоа и низ западна Македонија, во село Јанче, крај Радика и во Галичник.

Утрово Џамбазво се огласи на Инстаграм и сподели интересен момент како се фатиле со Лина.

Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа:

“А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *