Игор Џамбазов згрме: За вас дечки сум недостапен, дур сум жив

  • By klaster3
  • април 26, 2022
  • 0
  • 474 Views

Игор Џамбазов без сомнение е еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Игор Џамбазов ја обожава природата, сака вода, сонце и убава енергија, па токму затоа веќе со месеци се буди и заспива со поглед на Дојранското Езеро.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат повеќе од 106 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.

Романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии.

Денес, Џамбазов јавно реши да го искаже своето незадоволство и да им упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, објави тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *