Ја сум шетал, сум бил на многу места низ светот, но она што од скоро го видов во Македонија ме остави без зборови.
Роднините ми велат, да бе, да не беше Швајцарија ништо немаше да видиш, па сега од страна ни попуваш овде. Јас си признавам, ако не се иселев на времето во странство немаше да мрднам од Македонија.
Уште од тогаш ситуацијата не беше најсјајна, па и моите не беа имотни луѓе така што ќе беше предодредено да р’мбам цел живот за малку пари.
Пред 30 години како ерген заминав на печалба во Швајцарија со пријател и еве до денес живеам и работам таму. Додуша сега сум фамилијарен човек, дочекав и зет и внуци, но иако имам доволно пари и веќе нема кој да издржувам не планирам да се враќам назад.
Кога се венчавме со сопругата целта ни беше напорно да работиме за да обезбедиме иднина и образование на децата. Така и бидна, сите знаете дека во странство се бара многу работа, но затоа платите се големи и вреди да се мачиш.
Веќе имаме своја куќа, стан, автомобили, двете деца ни се изведени на прав пат и сега може само да си уживаме. Здравјето уште нè држи, практикуваме секој викенд со камп приколка да патуваме негде на планина.
Барем еден или два дена користиме за да одмориме и да дишеме чист воздух. Каде ќе ни текне таму одиме. Главно од животот тука, еве 30 години, многу сум задоволен.
Ми беше криво за родителите само што ги оставив дома, јас сум инаку син единец и немаше кој да ги гледа, но си се навикнаа сами, што да прават и тие ми мислат само најдобри.
Фала му на Бога уште ми се живи и за нив се враќам најмногу за да ги видам. Порано имавме навика еднаш годишно да одиме кај нив, но за жал во последниве 5 години некако ни се собраа многу работи и не успеавме да одиме.
Спремавме свадба, крштевки, дипломски и некако цело бреме одложувабме, лани па и вирусот и дури за ова лето ни остана. Прославите си ги правевме таму, дојдоа и тие па затоа не беше толку зор за доаѓање.
Ама искрено сега, кога дојдов и ја увидов ситуацијата тука, се плашам дека уште еднаш ќе се вратам. Штедиме доволно пари за да имаме за да си дојдеме во Македонија, но после толку време ова доаѓање ми излезе како да сум се враќал трипати.
Вртоглаво високи станале цените. Како да сум во Швајцарија се чувствувам, само што таму има повисоки плати и не се чувствува недостаток на пари.
Дојдовме со сопругата со намера да поседиме повеќе и да ја прошетаме земјата. Прво што ме шо кира беа цените на храната и сметките.
Ненормална работа, се чудам како моиве родители со пензии од 10 илјади ниеднаш не ми се пожалија дека немаат пари. А сигурно е дека не им стигнуваат, тие и лекарства купуваат.
Со плативе тука едвај да купиш работи за основни потреби и да платиш некоја сметка за да ме те исклучат и толку. Пари настрана нема, пари за одмор нема, пари за да издржуваш деца – едвај.
И после се чудат зошто младите не се женат. Кога тргнавме на прошетка и одмор останав без зборови. И тоа јас од странство што барем можам да си дозволам да плаќам секаде, но ова за наши услови е невидено.
Кафе во кафич под 100 денари не е, и тоа на такви убави, посетувани места. И како да одиш на одмор кога треба еден куп пари да потрошиш? Храна во ресторан прескапа, ги дигнале цените како којзнае што да се јаде тука.
По маркетите исто така е скапо, не знаеш што повеќе ти се исплати, да готвиш или готова храна да купуваш.. Покрај езеро уште поскапо е, буквално се чувствував како во странство да сум со цените.
Многу рабпти се поскапени од кога бев јас дете. Сите се свесни дека едно семејство едвај може да врзе крај со крај во месецот а камоли да одвои да оди на одмор. Навистина е скапо за кај нас.
Нека има убави плати и пензии, па тогаш може да бидат вакви цените. Кој си има пари нормално дека ќе оди, а другите ќе работат за мала плата и нема ни езеро, а не пак море да видат.
Но тоа е што е кај нас, сите се надеваат на подобро време но како што тргнала рабптата повеќето се со ум за иселување во странство. Па и паметна одлука е таа, еве јас од искуство ви кажувам.
Ќе се грижам само повеќе за родителите и ќе им испраќам пари зашто навистина било тешко да се преживее овде, а ќе размислам дали пак ќе го користам одморот во Македонија или на друго место.
Автор: А.Л. Фото: Илустрација
Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк