Игор од Куманово: Помагав на сите, а сега никој не ме познава, единствен спас ми е хуманоста од народот

  • By klaster2
  • мај 2, 2022
  • 0
  • 502 Views

Игор Максимов од Куманово бил вреден човек и макотрпно работел за да создаде нешто во животот, денес има семејство и мало бебе но и за жал големи проблеми. Не може ниту нормално да спие и да функционира.

Кога можел да работи бил еден од најистакнатите, но денес прави едвај по два- три чекора и приморан е да спие во седечка положба.

А како што е по некое непишано правило ,,Каде е најтенко таму се кине” пред некој период му изго рела и куќата поради неправилна инсталација.

Па морал одново да започне да ја гради за да може да живее нормално со сопругата и двегодишната ќерка Ѕвездана за која вели дека му е најтешко.

Бидејќи со социјалната помош од околу 5.000 неможе да ги купи ниту лековите, а камоли да ја расте ќерката и да ја извади на правиот пат.

Голема желба му е да замине на зафат и да се справи со го јазноста, да си го спаси животот и да се врати на работата и семејството.

Пред три години во Србија каде што бил работно, Игор ја запознава својата идна жена која ќе му роди пари, но сега нема финансии за да го запише детето и да му извади македонски докуметни бидејќи малата е родена во Србија.

Ова семејство често е принудено и да питачи и да се задолжува само за да го истера месецот до крај и да обезбеди оброк.

– Детето е родено во Србија, таму се запознав со идната сопруга, овде земам 5.000 социјална помош. Немам пари ниту да го запишам детето во матичните книги.

– Не седам со скрстени раце, сакам да работам но ова што ми се случува ми ги ру ши сите сништа. Најтешко ми е што се чуствувам како товар на домашните.

– Сум помагал на сите, имам добар впечаток оставено но за жал сега никој не ми познава а единствен спас ми е помошта од хуамните луѓе.

– Немам рамнотежа, имам многу вода во телото а татко ми и брат ми се тие кои ми помагаат и се покрај мене, вели Игор за ,,Срце на Дланка”

– Најмногу ми е тешко поради детето, детето почна да зборува и бара чоколадо, но јас немам од каде да и купам, вели Максимов.

Доколку сакате да му помогнете на Игор да продолжи со животот и да застане на нозе тоа може да го сторите на телефонскиот број 075640532 или на трансакциската сметка 240147112954926 Уни Банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.