Иван Иванов откри што му кажал чичко му на Ѓорге кога станал претседател

  • By klaster3
  • јули 7, 2022
  • 0
  • 363 Views

Иван Иванов е единствениот син на поранешниот македонски Претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја кој студираше на Правниот факултет, отсек политички науки.

Работи како професор на Меѓународниот балкански универзитет, а во последно време е се поактивен на социјалните мрежи и во политиката, па често ги споделува своите ставови.

Во една прилика напиша: „Македонци,Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на вој увањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија.

А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уни штувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уни штат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен.

Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот“.

Иванов присуствуваше на протестите заедно со неговиот татко, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, па во интервју за една телевизија јасно го искажа својот став во врска со власта, случувањата во земјава и францускиот предлог.

– Бегаат од тоа што е држава затоа што според западноевропскиот концепт држава се поистоветува со нација, со народ, а тие сакаат македонскиот народ и нацијта да ја сведат на една обична заедница.

Сакаат да создадат една приказна од тоа како тие сега се големи филантропи, големи познавачи, го донеле просперитетот и така натаму..

Нас 30 години ни се крати правото на просперитет и тоа треба да им стане јасно на граѓаните. Отсекогаш знаевме дека Бугарија ќе ни го прави ова.

Морам да го спомнам братот на мојот дедо. Кога татко ми стана претседател дедо Мито му викаше на татко ми не се секирај за Грција, пази се од Бугарите тие нам ни се прават пријатели, а всушност се трој анскиот коњ на Европа.

Народот не е повеќе наивен, сите сме биле во еден период наивни, сме чувствувале дека сепак постои нешто што е достоинство, доблест ама ни покажале дека и под дното има дно.

Не смееме да заборавиме дка на таа основа на која граделе државата, ние како наследници на сето тоа имаме обврска да си го зачуваме идентитетот, ентитетот и да го пренесеме на идните генерации.

Отпорот е обврска и должност. Не смееме да паѓаме на вакви сценарија, не смееме да прераснеме во колонија, а полека одиме натака, вели Иванов во емисијата Што не е јасно на Алфа телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *