Па што работиш од дома, каде го има тоа? – секоја година истото прашање на слава кај тетка ми. Вака ја започнува својата приказна младата Ивана Милутиновиќ (31).
–Ахаа, тоа, ИТ, ајти, Ити, како и да го викате, дали тоа значи дека по цел ден нешто програмираш? Убава пара даваат, а? Убава.. Како да му објасниш на балканскиот народ дека секоја работа која се работи од дома не е програмирање кодови и плата од 3000 евра?
Ивана на почетокот ма ка мачела да им ги објасни убаво зборовите како маркетинг, социјални мрежи, содржина, барем нешто од тоа што работи на нејзините блиски, ама ништо, како само да им минува низ ушите.
Прашањата секогаш се повторувале: дали програмираш?; колку ти е платата?; а нешто работа на струка,а? Никако не можела да се одбрани од бранот прашања, а уште повеќе ја предизвикувалте незаинтересираното лице на татко и и остриот поглед на мајка и.
Ивана била свесна дека најтешко им паѓа ним затоа што не работи во школо како професорка, како што се образувала. Се случувало мајка и неколку пати месечно да и се ожа лува над судбината: „Толкави книги, десетки, и што? Ништо! Цел ден се ѕвериш во тој компјутер! Барем излези од дома, ќе си ги рас ипеш очите.“
-Во ред е мамо, јас сум задоволна. Со оваа реченица Ивана секогаш ја затварала лавината од незадоволни коментари од страна на родителите, но како што одминувало времето и тие „предавања“ траеле бесконечно почнала на секое споменување на компјутерот и нејзината работа, да премолчува.
Станува збор за девојка која веќе три години работи за една маркетиншка агенција и заработува доволно за да не мора никому да бара пари или да се правда за работата.
Додека нејзините другарки купувале брендирана гардероба или облека за деца, таа имала свои интереси – работела од дома и сакала да си уреди домашна канцеларија.
Со часови читала за компјутерска опрема и барала канцелариски мебел и монитор кој нема да и ги уморува очите. Мајка и цело време нешто негодувала: аха, демек сега сите од дома работат, гледаат од тебе, епа купи барем посаглам компјутер..читав на интернет ќе ти насадам билки, тие привлекуваат пари!“
Ивана се сложува дека толку им е знаењето и паметот на луѓето од нејзиното опкружување и знае дека никогаш нема да ја сфатат целта на нејзината работа.
Не сфаќа само зошто толку ја малтре тираат кога никому ништо нема да смени дали ќе работи како продавачка, наставничка или програмер. Ивана била свесна дека во секоја фамилија постои таа „црна овца“ која не ги задоволила очекувањата на семејството и никој не ја сфаќа и поради тоа е цело време тема на семејните слави.
Е таа била таква личност – сите се занимавале со нејзината работа и како тоа се откажала од работата во образование. „Баш би било убаво кога би работела како наставничка, ем ќе излегува од дома, ем ќе запознае пристоен дечко и ќе се омажи“ е дел од коментарите кои и ги давале.
Немала поддршка дури ни од пријателките кои ретко сфаќале што значи да работиш во маркетинг агенција. Сите ја советувале да работи како програмерите, барем поголема плата ќе зема.
–Па ако работам толку, нема да се гледаме ни двапати месечно за кафе! –Ех, па наставничка работа, 3-4 часа дневно, слободна за викенди, распуст, ехее кој не би сакал.
Ивана е исфрус трирана од таквите префрлања кои започнале уште откако го завршила факултетот по историја и сфатила дека не е толку лесно да се вработи на државна работа.
Немало место за неа и две години седела дома. Но, најмногу ја погодило тоа што помал братучед и искоментирал дека штом веќе седи дома нека си најде маж и нека роди дете!
Тоа било клучно за да одлучи да промени нешто во животот и да се занимава со нешто друго. Посетила неколку курсеви, се здобила со знаење и почнала со работа надвор од струката.
Уште едно разо чарување за нејзините. Како тоа студентка која плачела затоа што добила осмица и барала само десетки на факултет, сега лесно да се откаже и да работи друго?
Сепак, и покрај се, девојката е решена да си ја продолжи работата и да ги игнорира коментарите на луѓето, како што би требало да прават и сите други. Единствена желба и е да си заработи доволно пари и да почне да живее сама во свој стан и да не се замара што ќе кажат другите.