Ибро пронашол пари и ги вратил на сопственикот, а добил награда што ќе ја користи до крајот на животот

  • By klaster2
  • ноември 30, 2021
  • 0
  • 437 Views

Кога во понеделник наутро видел расфрлани банкноти на патот во Доња Махала Ибро Локмиќ најпрво помислил дека се работи за скриена камера.

Одејќи на работа во еден момент видел банкноти во апоени од по 100 и 50 км(конвертибилни марки), вкупно околу 1.000 км. Ги подигнал парите, но прво ги фотографирал така расфрлани.

– Ги донесов парите во фирмата и им кажав на работниците што се случило, а тие ме советуваа да не објавувам веднаш дека ги најдов, бидејќи не знаеме дали ќе се јави вистинската личност што ги изгубила.

– Вечерта ми се јави сопругата и рече дека на социјалните мрежи видела дека нашиот сосед Адел Хусиќ ги изгубил парите.

– Му се јавив, дојде веднаш до продавница, беше пресреќен. Се радував што го најдовме сопственикот – изјави Ибро за ,,Дневни Аваз”

Тој одбил да ја земе наградата, но Адел добро ги награди неговите деца. Бидејќи му рекол дека сигурно Иброи неговите во иднина секогаш ќе имаат уредна фризура и брада, бидејќи Адел Хусиќ е познат бербер чиј клиенти се многу познати лица од БИХ.

И додека Ибро размислувал да го пронајде сопственик, неговиот сосед бил загрижен како може да изгуби пари од паричникот. Како што ни кажа, утрото во дворот нашол само паричник со документи и 100 км, додека останатото го немало.

– Не успеав да го предадам прометот на банката и затоа имав толку многу пари со себе. Човекот доживува ш ок, тоа не е малку, но во текот на денот се помирив со фактот дека изгубив пари – изјави Хусиќ.

Тој на социјалните мрежи објави што се случило, иако не веруваше многу во среќен исход. – Но чуда се случуваат. Така ми се јави Ибро и ми ги врати парите.

– Се познававме како соседи, но мислам дека ова ќе биде почеток на едно убаво пријателство и дружење – изјави Адел Хусиќ.

Адел Хусиќ претпоставува дека нивното куче го пронашло паричникот што му испаднало кога излегол од автомобилот, си поиграло со него и така парите биле расфрлани на патот.

Ибро Локмиќ истакнува дека искрено верува во човечката чесност бидејќи, како што вели, така се воспитувани генерации луѓе.

– Искреноста се исплати и така треба да ги воспитуваме нашите деца. Задоволството што го почувствував кога и му ги вратив парите на Адел и кога ја видов неговата среќа, не може да се плати со ништо, додава тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *