Животот не е бајка за секого, често може да биде многу сур ов, да дава многу препреки и предизвици, но во домот на Зорка и Светислав тоа е секојдневие.
Тие се соочени со голема немаштија, многу непревди во животот кој ги доживеале и искусиле. Ретко се насмеани а повеќе тажни.
И покрај ситуацијата во која се и наместо да им помогнат, многумина си подиграваат со нив и гледат тоа да го искористат.
„Не знаеме колку години имаме, не сме писмени“, вели Зорка, која живее со нејзиниот сопруг Светислав, кој ја изгубил ногата додека работел во шумата во селото Содерце.
„Светислав додека беше здрав, работеше, сега нема ништо, имам син и тој е мен тално бо лен, работи кога го викаат, го користат, кога му плаќаат, кога не.
,, Исто така и сопругот го искористуваат работи а често не му ни плаќаат. Светислав седнува на едното трупче, ја става ногата на другото и полека цепи колку може за да се стоплиме.
Хуманитарката Тамара Мисирлиќ дојде и го посети ова семејство кое помошта му е повеќе од потребна, и упати апел за помош.
На прашањето што и треба, оваа мила жена спомна само брашно и малку храна, креветите се во лоша состојба а столовите се скапани.
,, Се случува многу пати да немаме ни за јадење, трпиш што ќе правиш, брашно ни е најопходно со кое би месела леб и некој слични продукти”
,, Состојбата на сопругот не е најдобра, да беше тој здрав колку толку ќе имавме ќе крепевме, но вака незнам до каде ќе тераме, додава Зорка.