Зорица: Додека пишувам плачам како мало дете – докторке вие сте жена пред која златото се срам

  • By admin
  • мај 3, 2021
  • 0
  • 1193 Views

Објава на Зорица Димитриевска во фејсбук грпата „И јас сум Венко Филипче – поддршка:

Оваа пандемија ме научи ,колку е животот еден и вреден.Душа ме болеше, кога ќе слушнев сите тешки судбини со ковидот.Стегање во градите.Болка.Плач.

Се молев секој ден да бидам подобро.Се борев со невидливо.Колку тешки борби имам поминато но, оваа борба не ќе можев без “мојот херој”….

Обично не пишувам статуси ,но осекам морална одоговорност после 2мес да се обратам а и денот некако ме успокои и додека пишувам плачам како мало дете.

Плачам зошто неможам да ја заборавам таа насмевка,пожртвуваност љубов кон пациент.Министре,ги знаете ли оние луѓе што се стално насмеани?

Сте разговарале ли некогаш со таков тип на луѓе? Токму таа мене ме слушаше со саати….Мојот херој токму таа Др.Даниела Буклиоска Илиевска (ГОБ “8_МИ СЕПТЕМВРИ” ) таа која ми ги лечеше ра ните, како со мевлем.

Која ми се смешкаше ,која знаеше да ме пипне за рака и која од очите и се гледаше утеха и благост.Но не ме лечеше само мене.Таа ги лечеше сите од кој и мојата мајка.

Мојата мајка. Таа сега има крилја , може да ги гушне пак своите внучиња.Е,ама заборавив да ја прашам како е. Пошто нејзе и беше битно само да оздравиме да се смееме.

Но,еве може сега ме чита.Ви благодарам на се што направивте за мене докторке но знам дека не сум само јас илјадници се!!!!Моите деца секојдевно ве цртаа на нивните цртежи.

Велат здравиот човек има мн желби а болниот само една. Вистина е.После помината борба со ковидот јас имам “крилја”Докторке вие сте жена пред која златото се срами!!!!!

Огромна благодарност и до тимот на оддел Тријажа.Др .Берат. Др.Беким. Сестра Сејлан Саити

И пошто реков дека тешка сум за статуси огромна благодарност и честитки до целиот персонал од ортопедска клиника предводени од Професорот Др.Милан Самарџиски

Докторе ви благодарам на СЕ што направивте за моето дете.Ве сака ЛУКА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *