Златан: Нема кој да ми ги обере црешните, а тие што се невработени се незаинтересирани

  • By klaster2
  • јуни 27, 2022
  • 0
  • 360 Views

Кога доаѓа летото, црешите претставуваат едни од нашите најомилени овошја. Нивниот вкус е неодолив а уште послатки се производите од нив.

Овоштарите оваа сезона можеа да ја паметат како рекорд, црешите родија над очекувањата, што може да се забележи по значително пониска цена на пазарите.

Одгледувачите на поголеми површини од една страна тријат раце а од друга се соочуваат со проб леми бидејќи нема работници за берба.

Сето тоа им задава главобо лки на производителите на овошје кои веќе изгубиле дел од родот на имотите и се во голема загуба.

Најдрастичен пример се случува во овоштарникот на Златан Гашпиќ, претседател на Здружението „ЗГ цреша“, лоциран во селото Мајковец.

Како еден од најголемите производители на цреши во Хрватска, тој оценува дека и покрај одличната година ќе биде среќен доколку успее да ги врати само трошоците за производство.

– Не знам што да кажам бидејќи и кога имаме добри временски услови и одличен род, едвај врзуваме крај со крај. Ова е многу лошо, од моите 7600 цреши на 3,2 хектари ќе бидам среќен ако соберам петнаесет проценти од нив.

Необерени ќе останат околу 6.500 дрва, со што ќе изгубам околу 1,5 милион куни. Причината е многу едноставна, комплицирана бирократска процедура за добивање дозволи за увоз на работна си ла и општата незаинтересираност на невработените овде- вели Гашпиќ за ,,Јутарни.хр”

-Мораме да ги имаме сите документи со нашите луѓе од институтот и да им плаќаме пензиско и здраствено, а се случува некој да отвори бо ледување по два дена и да не можете да го отпуштите.

Земјоделски работници со искуство од Индија, Непал, Бангладеш ме контактираат преку агенции, но тие ги немаат нашите работни визи и дозволи за престој. Според нашиот идио тски закон, постапката за добивање на истите дозволи трае од 3 до 4 месеци.

– Никаде во Европа трговците не продаваат увозно овошје додека го имаат домашното. Швеѓаните ќе претпочитаат да ги јадат своите кисели круши додека се достапни, а шпанските кои се десет пати посочни ќе бидат пуштени во продажба кога ќе се продаде и последната домашна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *