Тартуфите се многу ретки видови на печурки кои растат под земја. Тешко се наоѓаат и во светот се многу барани. Тартуфите им биле познати и на старите Египќани, Римјаните и Грците, а повторно стануваат актуиелни во 19 век.
Белите тартуфи од Алба, Пиемонт, Италија се најмногу познати во гастрономскиот свет. Во последниве години во Европа се појавија кинески тартуфи кои се многу поевтини, а може да се препознаат само со лабораториски тестови. Се произведува и маслиново масло со вкус на тартуфи.
Тренираните кучиња се користат за наоѓање тартуфи, кои ги замениле свињите, многу добри ловци на тартуфи, бидејќи кучињата не сакаат да јадат тартуфи
Во својот состав изобилуваат со минерали: калиум, натриум и фосфор. Го штитат здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем.
Се верува и дека со консумирањето го подобруваат расположението, а на некои од нив им се препишуваат и афродизијачки својства. Ретки се и многу скапи.
Цената на тартуфите зависи од нивниот вид, сезоната во која се собираат и кај нас достигнува од 100 до 300 евра за црн тартуф, односно 1.500 до 3.000 евра за бел тартуф.
Надвор од границите на државата овие бројки се повисоки. Иван произведува зар азени дрвја, даб и лешник, на кои се раѓаат црно-бели тартуфи.
Црните се користат во храната, додека белите се едни од најскапите во светот. Вангелов користи таканаречен тилонски метод на микоризал, со исклучиво македонска генетика.
Со други зборови, самите дабови дрвја се од македонското подрачје, како и семето. Цената на едно расадче се движи од 10 до 12 евра, во зависност од видот на габата.
„Светскиот деликатес и афродизијак, печурката тартуф, се добива со процес на микоризација, односно заразување на дрвцата со мицелија, на кои потоа се создаваат тартуфи.
Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови на комерцијални тартуфи“, вели Иван Вангелов од Богданци, еден од ретките стручњаци кој се занимава со ваква методологија во Македонија во изјава за Агротим.мк и притоа објаснува