За соништата ништо не е далеку: Дуња секој ден поминува повеќе од 100 километри за да тренира

  • By klaster2
  • декември 29, 2021
  • 0
  • 487 Views

Дуња Петровиќ има 11 години и повеќе од 40 медали во пливање. Живее во околината на Барајево, во село Арнаево. За да оди на тренинг,

Tаа секој ден поминува околу 60 километри во еден правец. Уште еден доказ дека во животот дека за соништата да ти се остварат ниту една точка не е далечна.

Таа веќе има освоено 42 медали, а штотуку наполни 11 години. Не си легнува пред полноќ, а сабајле поради училиштето станува во шест и пол. Љубовта кон пливањето сепак е посилна од се.

„Одам на училиште наутро, се дружам таму, учам, потоа одам дома да се одморам, пишувам домашна работа, учам ако имам време и потоа одам на тренинг. Доаѓам дома околу 12 и пол и потоа спијам и така натаму секој недела“, вели Дуња.

Живее во Бараево, а тренира на 60 километри, во пливачкиот клуб „Валис“ во Ваљево. Секојдневно патува со мајка си, а понекогаш возењето трае речиси исто колку и тренингот.

Дуња истакнува дека и е многу тешко да патува толку долг пат и понекогаш спие во кола и кога оди и кога се враќа, вели таа пред камерите на ,,РТС рс”

Секој нов успех и медал е мотив за родителите покрај обврските да најдат сила и време да и го овозможат она што најмногу го сака – пливањето.

Мајката на Дуња, Маја, вели дека многу пати и е тешко и заморно кога седи на паркинг по два часа, понекогаш и два пати на ден кога се подготвува за натпревари.

„Не е лесно, но само треба да продолжите да се бо рите бидејќи нејзиниот успех зависи од мене, а јас сум тука за да ја поддржам“, вели Маја.

Таа годинава првпат учествуваше на државното првенство и беше десетта. И тоа е голем успех, бидејќи се натпреваруваше со поголеми деца.

„Она што го правам мислам дека е упорност и многу би сакала да постигнам резултати какви што имаше Надја Хигл“, нагласува Дуња Петровиќ.

Сигурно би и помогнало во тоа доколку базенот во Велики Црљени, кој е најблиску до неа, има постојано греење, па не би морала да троши време и енергија на пат кон Ваљево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.