За Македонците од Малта пристигна неповолна вест која ќе ја почувствуваат на џебот

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 5179 Views

Од понеделник, 26 јули, Бугарија е затворена за странци кои пристигнуваат од уште четири земји – Холандија, Малта, Андора и Грузија.

Додека пак за бугарските граѓани кои пристигнуваат од овие земји, постојаните жители и членовите на нивните семејства е дозволени влез во земја само негативен тест за КОВИД-19, без оглед дали биле вакцинирани или не. Ова предвидува нова наредба на министерот за здравство.

По оваа одлука денес се огласија од Македонската Заедница во Малта каде што ја споделија погоре напишаната одлука на властите во соседна Бугарија и притоа напишаа:

Почитувани, според најновите промени од понеделник 26ти Јули нема да може да се патува од Малта кон Бугарија.

Малта е ставена на ЦРВЕНА листа на БГ поради наглиот пораст на ново заразени ковид пациенти.

Доколку некој од вас требал да патува во скоро преку БГ за Македонија нека се информира во македонската амбасада во Софија за протоколите и начинот на патување.

Засега отворени рути остануваат преку Ниш и Атина. И по една ипол година нема абер за враќање на летот Скопје-Малта !

Во превод ова ќе значи дека за оние кои што ќе сакат да си дојдат на одмор во Македонија или они кои сакат да заминат на острово ќе мора преку алтернативни опции, како што се Ниш и Атина што е поскапа варијатна и дополнителен трошок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *