За македонските државјани сепак новите правила за влез во Германија не важат – нашата амбасада се огласи со детали

  • By admin
  • јуни 1, 2022
  • 0
  • 469 Views

Македонската амбасада во Германија попладнево се огласи со официјално соопштени до јавноста во кое што се вели:

Во врска со новоусвоената уредба на Сојузната влада за олеснување на правилата за влез во Германија и привременото укинување на мерките за влез од 1 јуни до 31 август 2022г. би сакале да известиме за следното:

1. Напомена: Правилата и олеснувањата во си ла од 1 јуни се однесуваат на германските државјани🇩🇪 и државјаните на останатите земји членки на ЕУ, лицата со регулиран престој во ЕУ, како и за државјаните на трети земји кои се на позитивната листа на Е, која за жал сеуште не е изменета и не ги вклучува Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан.

2. За македонските државјани, за жал, сеуштe, важат ограничувања за влез за невакцинирани и вакцинирани со непризнати вакцини.

 

3.Во однос на општите правила за влез во Германија од трети земји, формално дозволен е влез за лица над 12 години само за вакцинирани со признати вакцини во Германија и ЕУ и еквивалентни на нив, и на сертификатот не треба да му е истечена важноста 9 месеци од втора доза призната вакцина.

Ако е истечен треба или 3 доза или негативен тест или сертификат за прележаност не постар од 3 месеци од позитивен тест.

4. Единствена позитивна промена за македонските државјани е што со новата регулатива во Германија за вакцинирани се признаваат и лицата вакцинирани со вакцините одобрени од Светската здравствена организација, односно кинеските вакцини Синовак и Синофарм, кои е потребно покрај двете дози, да имаат примено трета доза вакцина или да допатуваат со негативен тест. Руските вакцини не се признаваат.

5. Македонија од 27.02.2022 г. не важи веќе за подрачје со висок ри зик според одредбата за влез во услови на корона-пандемијата во Германија. Електронска пријава за влез не е потребна повеќе.

Соодветно, влез за македонски државјани во Германија е можен, само:

1. Со целосна вакцинација со признати вакцини: Лица над 12 години, што се целосно вакцинирани со вакцина што е призната во Германија/ ЕУ или еквивалентна може да влезат во Германија за сите цели на патување, ако од последната потребна вакцина поминале минимум 14 дена.

2. Поради нужна причина: лица без целосна вакцинална заштита може да влезат во Германија само доколку нивното патување е ит но нужно.

Од патниците се бара да носат со себе соодветни докази за нужна причина, студиски престој, обука, службено патување, за семејна поврзаност и сл. што јасно ја покажува потребата да се премине границата.

Без оглед на критериумите наведени погоре, одлуката дали да се дозволи влез е на дискреционо право на службениците кои вршат гранични проверки. Крајната одлука за дозвола за влез во Германија сепак ја носи граничната полиција.

Повеќе информации и линкови до германските институции во соопштението на веб страницата на амбасадата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *