Жители од делчевско во солзи ги напуштаат домовите: Ни нема спас ако не дојде авијацијата, готови сме

  • By admin
  • август 4, 2021
  • 0
  • 5829 Views

Како што е познато неделава цела Македонија е покриена со големи пожари кои беснеат низ планинските предели, но и се спуштаат кон куќите и представуваат за кана.

Започна во Кочани, каде сеуште се бо рат да го локализираат пожарот, односно во селото Костин Дол, штетата е голема, чистите дробови на зелениот појас се уни штуваат.

Во неповрат замина неколку кровови од куќите, многу добиток замина, а благодарение на пожарникарите и граѓаните, неколку пожари се локализирани.

Но покрај Кочани, го ри и Старо Нагоричане, Гевгелија, а сега моментално најголем зафат има во Пехчево и Делчевско каде жителите бараат сламка спас.

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата.

– Поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци.

Шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алар мантна. Во моментот она што е најважно според учесниците во гаснењето е да се приклучат трактори..

Во делчевско Шасјак, жителите се изб езумени, гледаат беспомошно како оганот стигнува до нив и немаат премногу надеж за опстанок.

-За нас нема спас, нема излез од тука доколку не стигне авијацијата, готови сме незнам што да правиме, искрите се до нас исфрелни, вели жителот Пановски.

– Каде е сега премиерот да дојде, а не само кога се избори, одам да го спастрам житото, и да ги соберам парите што имам нешто, вели изреволтирано Пановски за ,,Делчево 365,,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.