Френсис Коноли освоила 137 милиони евра, а половина од наградата што ја добила од лотото решила да ја вложи на многу посебен начин.
Ако некој од нас улови златна рипка, желбата за пари сигурно би била барем една од желбите, но не секој така размислува.
Токму тоа им се случило на Френсис Коноли (55) од Ирска и нејзиниот сопруг Патрик (57), кои со години играле лото како хоби.
А секако и за да си ја исполнат желбата да ја освојат првата награда. А тоа конечно им се случило во 2019 година, кога на лотаријата „Еуромилион“ освоиле неверојатни 137 милиони евра.
Оваа жена е поранешен социјален работник и учителка која цел живот им помагала на другите и никогаш не очекувала дека нешто ќе „падне од небо“.
Сепак, се чини дека тоа и се случило. Од небо и паднала неверојатна цифра на пари која не може ниту да ја изброи а камоли да ја троши.
Како студент, таа волонтирала во Брзата помош и одговарала на телефонските повици на лица на кои им била неопходна помош.
Чувството да им помагаш на другите и тогаш, како што вели, и се вовлекла под кожа и никогаш не ја оставило па така таа продолжила по тој пат.
Затоа таа, првично поголем дел од довиката од лото, ја дала на своето семејство, на пријателите како и на добротворни организации.
– Во секој случај би била милионер. Освојувањето огромни суми пари може да ви го промени животот, но не ја менува вашата личност.
– Ако си глупав пред да добиеш толку пари, ќе бидеш глуп и после тоа, истакнала искрено Френсис Конли за ББС телевизија.