Ефто Пупиноски е роден на 2 јуни 1953 година, а повеќе од четири децении е на музичката сцена. Со огромна популарност се стекнува во 1986 година после фестивалот Фолк фест Валандово каде со неговата легендарна „Лихнида кајче веслаше“ го освои првото место.
Оваа песна беше само пролог во неговата кариера и воедно песна која го направи едно од најпрепознатливите лица во новокомпонираната македонска народна музика.
Публиката го обожава – и млади и стари, а без неговите песни не може да помине ниту една свадба, ниту семејна прослава.
Уметник кој не се повторува, душа која пее, а знае и да тагува и да се смее. Зад себе има ризница хитови, кои и новите, младите генерации ги знаат напамет.
Зад себе ги има хитовите „Туѓа си бескрајно“, „Лихнида кајче веслаше“, „Пеј со добро вино“, „Тинке, Катинке“, „Прости ми душо моја“ и други.
„Многу композитори целиот век работат, а немаат ниту еден хит. Ретко кој има од младите хит, компониран. Многу е тешко. Јас ги имам. Задоволството е пo силно што младите генерации ги прифатија моите песни.
Со нив извонредно комуницирам преку сил ата на песната. Но сакам да нагласам дека не се почитуваме, особено кога ќе треба да се пазариме за тезга. За нас Македонците нема пари, а за оние надвор има, изјави тој во едно телевизиско интервју.
Ефто ретко зборува за својата приватност и никогаш својата кариера не ја градел врз основа на трачеви и скандали. За него се слуша само по добрата музика.
Долги години е во брак со Славка, со која ги имаат синовите Никола, Дарко и Дејан. Пејачот Ефто Пупиноски е активен на социјалните мрежи, каде често знае да го каже и своето мислење за она што се случува на македонската музичка сцена.
– Ние созреавме за да сфатиме дека никој не сака нашите проблеми да ни ги решава, а ние пак од друга страна толку сме не заинтересирани, толку сме не достоинствени. Јас застанав во од брана на својот интерес.
Суштината е дека секогаш има заинтересирана страна, секогаш има оштетена страна. Ние граѓаните сме оштетени, гласот не ни се слуша, треба да се направи прит исок, треба илјадници, сто илјади души да се соберат за најсуштински работи.
Јас имам одговор за икс работи што се случуваат кај нас, за оваа пасивност, не заинтересираност на народот. Јас цел живот се бунам, промени нема, вели Ефто во музичката емисија 7/8.