Елена Ристеска, една од најдобрите македонски пејачки, во последните години ја снема од јавноста, барем кога станува збор за музиката и настапите.
Популарната пејачка одамна нема извадено нешто ново, но затоа пак се посвети на друг бизнис, односно на козметиката каде отвори свој бренд.
Можеби музиката моментално и е во втор план и е посветена на други бизниси, а после долго време таа неодамна гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше отворено на многу теми.
– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во кавка земја работиш каде што немаш и многу услови.
– Јас имам проблем со перфекционизмот и затоа не вадам често песни, работам многу на порно и долгорочно пред да извадам некоја песна.
– Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некој си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спознорските договори.
– И доколку немаш настапи немаш на кого да го презентираш тоа нема зошто да трошиш толку, бидејќи тоа се големи буџети, додава Елена.
Поп пејачката се осврна и зборуваше и за нејзиниот бизнис, односно козметиката и основањето свој бренд, парфеми и слично.
– Беше тешко, особено на ваков пазар тука, но јас сум задоволна со ова што го работам еве веќе повеќе од година и пол.
– Чуството е прекрасно кога ќе добиете лојални клиенти, кога тие ќе се вратат да купат од кај вас, за нив или за поклон.
Пред неколку дена Ристеска објави фотка со сопствената мајка со убава причина и притоа напиша:
Вчера беше најубав ден, 22.02.2022 на мојата мајка роденден. Вчерашниот беше и ангелски број 22022022 , затоа што си ангел кој не’ чува.
Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами. Те сакам до бескрајот