Елена Ристеска: На денешен ден пред две години ми се оствари мојот сон

  • By admin
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 1005 Views

Елена Ристеска е една од најпознатите пејачки на македонската естрадна сцена. Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови.

Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија. Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ и го освои 12-тото место.

За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков нотивет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.

Елена е доста активна на Инстаграм од каде нејзините следбеници може да видат какви активности има во своето секојдневие, но и за комуникација со неа.

Ристеска денес на својот профил на инстаграм сподели момент поврзан за нејзиниот нов бизнис и емотивно напиша:

-После долгогодишно истражување и безброј состаноци,триста комбинации и прашања:

Kако? Што? На кој начин? Со која фабрика, кој технолог? Под кој редослед? Со кој производ? И уште многу други прашања… на денешен ден, 9ти мај 2019та(пред две години) ја отворив фирмата ЕРА козметика.

Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси.

Но, ете ЕРА козметика успеа од идеја да создаде бренд, од замисла -реализација, од нацрти и скици -готови производи. Благодарна сум до сите кои помогнаа во остварување на овој сон, а најмногу до Господ што го овозможи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.