Елена Ристеска емотивно како никогаш досега: Ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе

  • By admin
  • септември 30, 2021
  • 0
  • 1637 Views

Една од најдобрите македонски пејачки, Елена Ристеска во последните години ја снема од јавноста, барем кога станува збор за музиката и настапите.

Популарната пејачка одамна нема извадено нешто ново, но затоа пак се посвети на друг бизнис, односно на козметиката каде отвори свој бренд.

Денес таа емотивно се огласи на својот профил на Инстаграм каде што напиша.

На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29ти.

И секогаш мислев дека на денот на поч инувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден.

“Полни” се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам.

Не сакам да прифатам дека те нема, ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука.

Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката,но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагу ва и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку.

И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат.

Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам… Не постои љубов како твојата ТАТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.