Елена Ристеска ги израдува фановите: Со најава за моментот кој многумина со нетрпение го очекуваа

  • By admin
  • септември 27, 2022
  • 0
  • 244 Views

Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Популарната пејачка одамна нема извадено нешто ново, но затоа пак се посвети на друг бизнис, односно на козметиката каде отвори свој бренд.

Можеби музиката моментално и е во втор план и е посветена на други бизниси, а после долго време таа неодамна гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше отворено на многу теми.

– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во каква земја работиш каде што немаш и многу услови.

Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некои си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спознорските договори.

Сепак, Елена не застанува ниту со градењето на музичката кариера, па на социјалните мрежи сподели новост која ќе ги израдува нејзините фанови а станува збор за нејзино враќање на музиката.

Како и секогаш, Елена повторно докажа дека е горда Македонка и со огромна чест ја претставува каде и да отиде, па секогаш е избор број еден кога станува збор за пеење на македонската химна или народни македонски песни на манифестации.

На прославата на Денот на независноста на САД ја имаше честа да ја испее македонската химна пред присутните и Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Во меѓувреме таа пеше на неколку забави организирани од реномирани македонски копнации и полека но сигурно се враќа во форма.

Пред некој ден популарната Ера меѓу редови најави дека се подготвува за враќање активно на музичката сцена со настапи во живот:

Да ве потсетам на некои поубави времиња во музиката, на хитовите кои едногласно ги пеевме на концерти и песни кои се пуштаа на радио и телевизија.

Оваа 2022ра година навршуваат 20години од мојата победа на аудициите на М2 продукција организирани од неповторливите Дарко Димитров и ИВо Јанков.Дали сте спремни за концертна турнеја низ Македонија? 🙂 Дали се’ уште ги паметите овие песни?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *