Екс македонскиот фудбалер на дружба со НБА ѕвездите Дончиќ и Драгиќ: Откри за што зборувале и како си поминал

  • By admin
  • февруари 23, 2022
  • 0
  • 573 Views

Кавадарчанецот Васко Митрев долги години беше стандарден првотимец на низа македонски фудбалски клубови, а пред неколку години реши да стави крај на својата професионална кариера.

Митрев последен пат настапуваше за матичниот Тиквеш, а претходно со успех ги носеше дресовите на Цементарница, Вардар, Македонија ЃП и Металург каде што беше и капитен.

Овој 37 годишен поранешен фудбалер со сопругата реши да се исели и да живее во САД.

„Во Америка се преселивме со жена ми поради нејзините мастер студии. Таа ме подржуваше во мојата кариера додека играв професионално фудбал па одлучив по завршување со професионално играње да ја поддржам нејзината кариера и да продолжи со студиите во Америка запишувајки мастер ИТ во Мајами“ изјави Митрев за Кластер.мк.

Васко во разговор за нашиот портал проговори за своите планови во иднина.

„Во моментов сум во контакт со неколку клубови од Мајми и фудбалски академии каде што ќе ја продолжам мојата кариера како тренер.

Васко минатата вечер имаше можност да биде во друштво на двете големи НБА ѕвезди од Словенија, Горан Драгиќ кој моментално игра во Бруклин и Лука Дончиќ кој е член на Далас.

„Средбата се случи синоќа на „Балкан парти“ во Мајами бич. Со Лула и Горан не запозна мој добар пријатели од Мајами кој воедно е и газда на локалот – „Ра кија Лонг бар Мајами бич“ вели Васко и додаде како поминала средбата:

Можам да кажам дека и двајцата се прекрасни личности и многу фини и културни момци. Не запозна мој добар пријател од Мајами кој им кажаа дека играв професионално фудбал.

Бев изненаден колку многу го сакаат и го познаваат фудбалот и двајцата. Со двајцата разговарав за мојата кариера, за Словенија каде што живеев година дена во Марибор.

Со Дончиќ разговарав за Реал Мадрид, за неговото дружење со фудбалерите на Реал, клуб за кого навивам. Со Драгиќ зборував за тренерскиот занате, за тренирање бидејки неговиот син тренира фудбал овде во Мајами во академијата на Јувентус.

Васко додаде дека со оглед на тоа што пиеле ра кија тој им спомнал дека тој доаѓа од градот Кавадарци кој што е познат по овој пијалок.

Фотката која што ја објави Васко како што ни кажа ја направил лично Лука Дончиќ кој самиот се понудил поради тоа што има подолги раце.

Автор: С.С Фото: Приватна архива

Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *