Екс бугарскиот претседател за снаа добива Македонка

  • By admin
  • мај 1, 2021
  • 0
  • 2299 Views

Ане, најстариот син на поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевенлиев и неговата поранешна сопруга Јулијана веќе е пред венчавка.

Младиот човек е веќе студент и ги импресионира девојките со атлетскиот изглед и спортското тело кое често го демонстрира на социјалните мрежи.

Сепак, неговото срце го освои една убава Македонка по име Нина, која е родум од Скопје. Убавицата веќе подолго време живее во Бугарија и во 2020 година дипломира на престижното англо-американско училиште во Софија.

По дипломирањето, таа се пријавила на елитен универзитет во Прага и моментално живее во главниот град на Чешка, пишува „Факти.бг“.

Нивната врска е од далечина, но и покрај тоа наоѓаат време да бидат заедно. Нина не ја крие радоста од ниту една нивна романтична средба, која ја доловува на фотографии, што може да се види од нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Росен Плевнелиев и неговата поранешна сопруга Јулијана веќе ја запознале својата идна снаа. Минатото лето таа беше нивна гостинка во еден од нивните приморски имоти, што, по разводот, им го припишаа на своите синови, пишува „Ретро“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *