Една област во Германија воведе нови правила за работниците – познато со што се соочуваат

  • By admin
  • септември 12, 2021
  • 0
  • 3177 Views

Ангела Меркел, германската канцеларка побара од своите сограѓани да ја искористат неделната кампања за вакцинација против Ковид-19, во рамки на која жителите ќе можат да добијат бесплатна доза вакцина на местата каде се вршат богослужби, во спортски објекти, како и во јавниот превоз.

„Никогаш досега не било полесно да се вакцинира и никогаш не било можно тоа да се направи побрзо“, рече Меркел во нејзиниот неделен подкаст, додавајќи дека на германските граѓани во понеделник ќе им биде дадена доза од вакцината, која ќе можат да ја добијат без претходна најава на местата каде се вршат богослужби, спортски објекти и во јавниот превоз.

Меркел истакна дека досега 66 проценти од населението ја примило првата доза на вакцината, а 62 проценти се целосно вакцинирани, сепак, бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус е во пораст, а повеќето хоспитализирани се невакцинирани.

„За да ја пребродиме претстојната есен и зима, треба да убедиме повеќе луѓе да се вакцинираат. Ве молам: заштитете се себеси и другите. Вакцинирајте се”, им порача германската канцеларка на своите сограѓани.

Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи новата мерка според која невакцинираните луѓе, доколку го добијат Ковид вирусот и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период.

Покраината граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските покраини Рајнска област-Пфалц, Хесен и Баварија.

Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тибинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.

И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.

Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин.

– Не може општеството да плаќа за ни”, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *