Докторот Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија е еден од нашите најдобри наши доктори.
Една од ретките светли точки на нашето здравство. Првиот детски кардиохирург во земјата. Доктор обожуван од малите пациенти и нивните родители. Посветен на својата професија, харизматичен и полн со позитивна енергија.
Д-р Владимир Чадиковски е можеби еден од ретките кои имал можност да замине надвор од земјата, но останал овде. Имал опции да замине во некоја од европските држави или САД, но се одлучил за тука.
„Повеќе од 21 година оперирам деца од најразлична возраст и патологија, а последните 7 години вродени срцеви мани кај деца.
Навистина преставува една екс тремно тешка гранка, многу одговорна, системски зависна, мултидисциплинарна и пред се благодарна кога се ќе заврши добро.
Морам нешто да напоменам дека за сите овие 6-7 години колку сме посветени кон оваа тешка гранка мислам дека сме единствени во државата под комплетна опсервација за успехот на интервенциите. И од медиумите, надлежните здравствени авторитети.
Не знам дека некоја друга гранка во медицината во нашата држава е под таква опсервација и контрола, но тој при тисок верувајте само придонесува да бидеме се подобри и се поблиску до европските центри. Нашиот успех ќе биде препознаен од нашите граѓани и околните држави. Најважно секогаш ми било да знам во себе дека сум направил се да го спасам тоа дете“, изјаи Чадиковски во едно свое интервју.
Докторот Чадичковски е мошне активен на Твитер каде често знае да сподели некој твите, а со својот последен од вчера воодушеви многу.
Уште еднаш Владимир ја покажа и докажа својата голема хуманост што наиде на општо задоволство
-Годишно во Македонија се раѓаат од 120 деца со вродена срцеви мани. Постојат 180 типови на истите и 240 хируршки техники во нивно решавање.
На секоја трудница на која со ЕХО е дијагностицирана срцева мана кај плодот,може да дојдат на консултација кај мене без никаква финансиска надокнада!