Д-р Ненад Лазаров со новиот потег повторно остава без зборови – хуманоста нема граници

  • By admin
  • април 10, 2021
  • 0
  • 1773 Views

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 73 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни.

Вкупно 687 пациенти потврдени и сомнителни за ковид се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Матичниот лекар Ненад Лазаров започна голема акција за помош и донации со витамини на пациенти на кои тоа им е потребно.Тој со неколку статус на фејсбуку напиша:

Едит: donirajvitamini@gmail, кој има потреба.Фрчат донации витамини и сл. во инбокс, е баш ми е драго, не очекував ваков одговор.
#донирајвитамини

Понеделник и Вторник да се присобере и веднаш да се дисперзира, ко што ми се чини ќе има по комплети повеќе од пристојни со се што треба.Ќе повикаме за помош такси компанија или карго, фаќајте врски со време некој да се вклучи

Направивме мејл, кој има потреба од помош во суплементи нека пише овде. Колеги, исто така, ако имате потреба за пациенти ваши:[email protected].

Ќе ставиме можност во ГОБ 8Ми Септември инфективните амбуланти што работат ковид, пациенти да се евидентираат за помош во витамини.Александар Каревски координира, нека се пријави колега/колешка кој милува од други ковид амбуланти да го направиме истото.

Не ни требаат никакви извештаи и документи да ни сликате луѓе мои, само контакт информации каде да се достави, да си веруваме повеќе.

Ниту пак треба да ви е непријатно и да не ни пишете и да не земате витамини а сте болни, никако!

Без никакво оптеретување, пишете на [email protected] или кажете му на вашиот матичен лекар да не контактира, се што ќе обезбедиме ќе поделиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *