Д-р. Ненад Лазаров: Праќајте ми инспекции и даље, само повеќе ме мотивирате, за инат ќе одам у минус

  • By admin
  • август 10, 2021
  • 0
  • 8814 Views

Вчера од Министерство за здравство истакнаа дека вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.

Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места.

Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип.

Помеѓу 20-30% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, М.Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9% опфат во Гостивар.

Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот.

Притоа во изминатите 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 поч инати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Почи нати во болнички услови.

Матичниот доктор Ненад Лазаров кој на својот профил на фејсбук често знае да сподели свое мислење или да искоментира нешто што е актуелно, повторно се огласи:

Праќајте ми инспекции и даље, само повеќе ме мотивирате, ЗА ИНАТ ЌЕ ОДАМ У МИНУС, ама ПЗУ Медика Вера – Домашна посета ќе продолжи со работа по цена од 1000 денари!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *